Со полна пареа се одвиваат подготовките за свадбата на Богдана Родиќ и Вељко Ражњатовиќ.
Медиумите будно ги следат подготовките, а свадбената веселба која е закажана за 24 Ноември се очекува да биде прогласена за свадба на деценијата во регионот.
Цеца предложила за младенците да изнајми луксузен ролс-ројс автомобил кој ќе биде превоз за младенците за време на свадбените церемонии. Пејачката им ја кажала идејата на младите кои со воодушевување ја прифатиле.
Единствено што Вељко и Богдана треба да направат е да одберат каков модел од оваа марка ќе одберат.
Луксузниот автомобил ќе биде олдтајмер, изјавил за српските медиуми добро упатен извор.
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------