Home INFO Новинар има проблеми во емисија во живо- го брка свиња!

Новинар има проблеми во емисија во живо- го брка свиња!

реклама:Велигден со Стаф

Непријатна, но истовремено и смешна ситуација му се случи на еден грчки новинар кој наместо да известува за поплави, морал да бега од свиња.

„Добро утро, имаме еден проблем. Имаме една свиња овде што не брка од сабајле!“, со овие зборови грчки новинар го почнал вклучувањето во живо во утринска емисија на телевизијата „Антена“, јавува дописничката на МИА од Атина.

Новинарот се обидувал да пренесе информации за поплава која се случила, но непоканетиот гостин го спречил во тоа.

„Извинете што не можам да застанам на едно место бидејќи ме гризе“, рекол новинарот додека со микрофонот, се обидувал да и избега на свињата, која постојано трчаше по него.

Вклучувањето во живо по помалку од една минута било прекинато.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------