Home INFO НОВО ЈАПОНСКО ИСТРАЖУВАЊЕ! Ковид-19 на кожата останува 9 часа и 4 минути,...

НОВО ЈАПОНСКО ИСТРАЖУВАЊЕ! Ковид-19 на кожата останува 9 часа и 4 минути, а оваа течност ја убива за само 15 секунди!

реклама:Велигден со Стаф

Најновата студија спроведена од страна на јапонски научници покажува дека корона вирусот може да опстане на човековата кожа и до девет часа, пренесува канадски Глобалњуз. Експертите велат дека овие резултати не се толку аларманти колку што звучат, а примероци корона вирус се најдени и на мртви лица ден по нивната смрт.

Откриено е дека Ковид-19 може да живее најмногу десет часа и четири минути, односно пет пати повеќе од патогените кои предизвикуваат обичен сезонски вирус. Студијата, исто така, покажала дека 80 % етанол може да ја убие во рок од 15 секунди.

Синтија Кар, епидемиолог од Винипег во Канада, вели дека за неа ова е важен податок.

„Ако знаеме дека со миење на рацете можеме да го убиеме вирусот, тогаш ајде да се држиме до тоа. Не треба да паничиме и постојано да се тушираме кога ќе дојдеме дома од надвор, само треба да сфатиме дека вирусот е на нашите раце и дека може да ни се случи со нив да го допреме носот или устата, очите и така да му дадеме шанса на Ковид-19 да се развие во организмот“, рекла Кар.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------