Home INFO Од вечерва стартува он-лајн забавата за целото семејство, почнува квизот „НА ТЕПКА“

Од вечерва стартува он-лајн забавата за целото семејство, почнува квизот „НА ТЕПКА“

реклама:Велигден со Стаф

Во време на лоши вести и пандемија кога во медиумите слушаме само негативни информации време е пред почетокот на празниците да внесеме ведрина во секое семејство.

Во продукција на „Строубери груп“ и Ненад Ѓоргиевски како продуцент и водител ви го најавуваме првиот он-лајн квиз во Македонија „На Тепка“.

Првото издание ќе се емитува вечерва во 21 часот и е спонзорирано од „Елит Кафе“ со многу награди и изненадувања за натпреварувачите.

Затоа бидете пред вашите компјутери и вклучете се на стримот во живо преку фан страната на Фејсбук и Јутјуб каналот на квизот и уживајте со блиските играјки ги игрите заедно со првите натпреварувачи.

Во секое ново емитување на квизот ќе има нов ексклузивен спонзор со нови награди, затоа следете ги фан стрните на квизот и информирајте се за секое ново издание но и како Вие да учествувате во следните емисии.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------