Home INFO Ова е најчудниот провалник во светот!

Ова е најчудниот провалник во светот!

реклама:G Natural

Жена од Охајо беше обвинета за провала на туѓ имот откако провалила во една куќа.

Провалничката во куќата се однесувала исклучително културно и домаќински.
Откако влегла во туѓата куќа, го галела кучето кое било внатре, а потоа им измила и садови на домаќините додека тие не биле тука.

Сопственикот на куќата за полицијата изјавил дека жената влегла во куќата и седнала на каучот пред да почне да го гали нивното семејно куче милениче. Потоа, наводно, станала и ги измила валканите садови пред да ја напушти куќата.

Во периодот додека била во куќата, сопственикот повикал полиција пријавувајќи дека има провалник во домот. Но, кога полицијата стигнала на местото, таа веќе ја имала напуштено куќата. Сопственикот на куќата за полицијата изјавил дека не ја познава провалничката и дека таа влегла во домот непоканета.

Газдата забележал дека жената се однесува прилично чудно. Полицијата, во меѓувреме, додека разговарала со сопственикот на куќата, добила повик дека истата жена затропала на вратата од домот на една друга жителка на местото.

Кога полицајците ја лоцирале, таа излажала за нејзиниот идентитет. Наводно им рекла дека била будна два дена, но тие препоставуваат дека таа за време на недозволената посета на куќата била под дејство на наркотици.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------