Home INFO Ова и се можеше единствено на кралицата Елизабета

Ова и се можеше единствено на кралицата Елизабета

реклама:

Британската кралица Елизабета Втора имаше титула која носи многу привилегии.

Таа беше владетел на Велика Британија, Канада, Австралија, Нов Зеланд и уште 12 кралски земји од Комонвелтот.

Една од многубројните привилегии кои ги имаше е да патува во странство без патнички документи.

Се работи за привилегија што исклучиво ја имаше кралицата Елизабета Втора, а која не важи за другите членови на британското кралското семејство.

Освен во земјите со кои владее, кралицата можеше да патува без пасош низ целиот свет, а ќе биде запаметена во историјата како британски монарх кој посетил најмногу земји во светот – 116.

Исто така, треба да се напомене дека сите британски пасоши се издаваа од име на кралицата.

Кога станува збор за привилегии, кралицата исто така имаше имунитет за кривични гонења, имаше право да ѝ објави војна на која било земја, но и да вози без возачка дозвола…

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------