Уште неколку дена до моментот кога Вељко Ражњатовиќ и неговата бремена вереница Богдана Родиќ ќе се заколнат на вечна љубов.
Свадбената прослава ќе се одржи на 24 ноември во луксузен хотел во Белград.
Идната невеста ќе има дури три венчаници, а она што ја изненади јавноста е информацијата која ја пренесоа српските медиуми а се однесува на стајлингот на сестрата на Вељко, Анастасија.
Додека сите очекуваат таа да се појави во гламурозен фустан, Анастасија за свадбената прослава се одлучила за одело!