Home INFO Ова се најздравите луѓе во Америка (фото)

Ова се најздравите луѓе во Америка (фото)

SHARE
Фото: pixabay.com

Истражувања објавени во магазинот „Причини и контрола на ракот“ откриле дека меѓу Амишите речиси нема пациенти болни од рак и дека тие се најздравите луѓе во Америка.

Експерти започнале да ги истражуваат Амишите за да откријат дали нивниот недостиг од конвенционална медицинска нега влијае на зголемување на ризикот од појава на рак. Меѓутоа, тоа што го откриле ги изненадило.

Откриено е дека Амишите имаат значително помали шанси да заболат од рак во однос на остатокот од луѓето, па експертите одлучиле малку подобро да го истражат нивниот начин на живот, исхрана и да ги дознаат причините за ова неверојатно откритие.

Многу Амиши не пушат и не пијат и не се промискуитетни, а ваквиот живот има важна улога за здравјето.

Меѓу останатите фактори е и физичката работа. Амишите се занимаваат со земјоделство, градежништво и други работи за кои е потребна огромна количина на физичка активност, а токму тоа ги одржува здрави.

Додека остатокот од Америка, но и светот, голем дел од времето го поминува пред малите екрани, Амишите вредно работат.

Тие сами го изработуваат својот мебел, ги градат своите куќи и масовно се занимаваат со производство на разни добра.

Експертите веруваат дека комбинацијата од сето ова придонесува за нивното одлично здравје.

Фото: pixabay.com

Уште еден важен фактор е фактот што Амишите сами ја произведуваат својата храна. Користат органски методи со кои добиваат здраво овошје и зеленчук, здраво млеко и месо и необработена храна каква што многумина на светот никогаш не пробале.

Иако многумина го исмејуваат нивниот начин на живот, ги сметаат за заостанати и примитивни, посветеноста на Амишите на „простиот“ живот со чиста локална храна е она што од клучно значење за доброто здравје.

Фото: pixabay.com
РЕКЛАМИ:
Loading...