Home INFO Ова се земјите во кои гласањето е задолжително

Ова се земјите во кои гласањето е задолжително

реклама:Лето во Банско

Повеќето земји, вклучувајќи ја и нашата, го сметаат излегувањето и гласањето на избори како граѓанско право, но во некои земји тоа не е прашање на избор, туку неопходност.

И оваа обврска не била воведена неодамна. Пример за тоа е Белгија, каде што овој закон влегол во сила уште од 1892 година. Правото на глас, кое го има секој полнолетен граѓанин низ светот, се смета за еден од основните постулати на демократијата, но во овие неколку земји тоа е законски пропишана обврска.

Ова се земјите каде што гласањето на избори е задолжително: Австралија, Аргентина, Белгија, Боливија, Бразил, Конго, Костарика, Еквадор, Египет, Грција, Хондурас, Либан, Лихтенштајн, Луксембург, Мексико, Науру, Парагвај, Перу, Самоа, Сингапур, Тајланд, Турција, Уругвај. Исто така, гласањето е задолжително и во некои американски држави, еден швајцарски кантон и три региони на Австрија.

Тоа значи дека жителите на овие земји мора да се појават на местото каде што се гласа, инаку ќе следуваат казни.

Доколку не можат да ја исполнат својата граѓанска обврска, тогаш мора да објаснат зошто не можат да го направат тоа. Причината мора да биде валидна за да избегнат санкции.

Обично тие што не гласаат се соочуваат со парични казни, меѓутоа, во некои држави, на оние што избегнуваат да гласаат им се одземаат одредени граѓански права. Во законите на речиси сите гореспоменати држави постои и затворска казна, иако досега не е забележан ниту еден таков случај.

Во Белгија, на оној што нема да гласа на четири избори во рок од 15 години ќе му биде одземено правото на глас. Исто така, во Белгија е тешко да се вработите во јавната администрација ако не гласате на избори.

Во Боливија на гласачот му се дава картичка по гласањето за да може да го докаже своето учество. Доколку ја нема картичката, тогаш три месеци по изборите нема да зема плата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------