Home INFO Оваа жена го првлече сето внимание во Катар (видео)

Оваа жена го првлече сето внимание во Катар (видео)

реклама:Велигден со Стаф

Вниманието на јавноста од целиот свет деновиве е насочено на Светското првенство во фудбал.

Емирот Тамим бин Хамад Ал Тани го отвори светскито мундијал, каде присуствуваше и Моза бинт Насер, сопруга на шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани, поранешен емир на Катар и мајка на актуелниот емир Тамим.

63-годишната Моза,која странските медиуми со години ја нарекуваат икона на стилот, привлече огромно внимание со своето појавување.

Моза бинт Насер е позната по својот префинет стил, а странските медиуми нејзината модна комбинација ја опишаа како елегантна и моќна.

Таа е модна икона, интернет-сензација и филантроп. Носи врвен накит, чевли на славниот дизајнер Кристијан Лобутин и има дипломи од неколку универзитети, седум докторати, пишуваат светските шоу-биз медиуми.

Родена е во 1959 година во Ал Хор, на северот на Катар. Нејзиниот татко бил истакнат катарски бизнисмен и лидер на опозицијата за време на владеењето на шеикот Калифа бин Хамад бин Абдула Ал Тани.

Студирала социологија на Универзитетот во Катар. Подоцна магистрирала јавна политика во исламот на Универзитетот Хамад бин Калифа. Се омажи за Хамад бин Калифа Ал Тани во 1977 година и заедно имаат седум деца.

Султаната е најпозната по својата работа во областа на образованието и здравството. Во 1995 година, таа ја основала Катарската фондација за образование, наука и развој на заедницата. Под нејзино претседателство, таа продолжува да работи на воспоставување на Катар како лидер во областа на образованието, науката и културата.

Оваа исклучителна жена е носител на бројни меѓународни награди и почести.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------