Home INFO Овие знаци покажуваат дека наскоро ќе “летате” од работа

Овие знаци покажуваат дека наскоро ќе “летате” од работа

реклама:Велигден со Стаф

Знаците подолу се индикатори дека ви се подготвува отказ!

1. Комуникацијата со работодавецот почнува да се документира

Сте имале незгоден разговор со вашиот работодавач во врска со вашата работа, а по разговорот сте добиле примерок од истиот на електронска пошта? Ова може да значи само едно, за да се заштитат и оправдаат себеси, вашите надредени ќе пробаат да документираат колку што е можно повеќе од вашите “грешки”.

2. Од вас се бара да ги завршите зададените задачи побрзо отколку што реално можете да постигнете

Доколку се случи одеднаш, по некој незгоден разговор, забрзано да добивате задачи со рок кој реално не можете да го исполните, тогаш под итно треба да почнете да разликувате што приоритетно и поважно од се она што ви е зададено. Доколку успеете тоа да го направите, вашиот надлежен ќе забележи напредок во вашата работа.

3. Задачите за кои сте биле одговорни сега ги работат вашите колеги

Еден од најголемите знаци дека ви се спрема отказ е кога вашите работни задачи ќе почнат да се делат на вашите колеги. Веројатно мислат дека не можете успешно да ги остварите тие задачи па поради тоа ги подготвуваат останатите за да можат да ве заменат кога ќе си заминете.

4. Повеќе не сте повикани на состаноците

Ако вашиот работен тим се состанува без вас веројатно работат на проект за кој сметаат дека не сте доволно способни ниту потребни. Исклучувањето од состаноците е голем показател дека му дошол крајот на вашиот работен ангажман.

5. Ангажиран е некој со иста струка, но со поголемо искуство

Во компанијата пристигнува личност која има иста струка како и вие и е распределена на иста позиција. Тоа е повеќе од очигледно дека ви стигнала замената.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------