Home INFO Пазете да не ви преседне одморот: Листа на најчесто казнувани сообраќајни прекшоци...

Пазете да не ви преседне одморот: Листа на најчесто казнувани сообраќајни прекшоци во соседството

реклама:

Туристичката сезона започна, а со тоа и сообраќајниот метеж, особено во познатите туристички дестинации.
Со цел да не ви преседне одморот, возете внимателно, а особено внимавајте да не сторите еден од подолу наведените прекршоци, тие се најчесто казнувани во соседните земји.

1.ВОЗЕЊЕ СО ПОГОЛЕМА БРЗИНА ОД ДОЗВОЛЕНАТА

Македонија – од 20 до 300 евра

Грција – од 40 до 750 евра

Црна Гора – од 450 до 2.000 евра

Хрватска – од 40 до 2.029 евра

БИХ – од 15 до 511 евра

Бугарија – од 5 до 76 евра или одземање на дозволата

2.ВОЗЕЊЕ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ

Македонија – од 250 до 400 евра

Грција – од 78 до 625 евра (во зависност од промилите)

Црна Гора – од 70 до 2.000 евра или одземање на дозволата.

Хрватска – од 135 до 2.029 евра

БИХ – од 200 до 500 евра

Бугарија – од 102 до 306 евра или 1022 евра (повторен прекршок).

3.ВОЗЕЊЕ БЕЗ БЕЗБЕДНОСЕН РЕМЕН

Македонија –20 евра

Грција – 350 евра

Црна Гора – од 40 до 100 евра

Хрватска – од 67 евра

БИХ – од 30 до 70 евра

Бугарија – од 25 до 50 евра.

4.КОРИСТЕЊЕ НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН ЗА ВРЕМЕ НА ВОЗЕЊЕТО

Македонија – 45 евра

Грција – 100 евра

Црна Гора – 60 евра

Хрватска – 67 евра

БИХ – 50 евра

Бугарија – 25 евра.

5.НЕПРОПИСНО ПАРКИРАЊЕ

Македонија – 45 евра

Грција – од 40 до 80 евра и носење на автомобилот

Црна Гора –60 евра и носење на автомобилот.

Хрватска – 60 и носење на автомобилот

БИХ – 40 евра и носење на автомобилот.

Бугарија – од 5 до 30 евра.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------