Home INFO Се разбудив и помислив на моите деца: Мадона се огласи на социјалните...

Се разбудив и помислив на моите деца: Мадона се огласи на социјалните мрежи

реклама:

На почетокот од овој месец, менаџерот на поп пејачката Мадона објави дека поради здравствените проблеми на пејачката, принудени се да ја одложат нејзината светска турнеја насловена како „Celebration Tour“ .

Пејачката извесно време беше хоспитализирана на одделението за интензивна нега откако доби сериозна бактериска инфекција.

Кон крајот на минатата недела таа беше пуштена на домашна нега, а таа за прв пат по здравствените проблеми се огласи на социјалните мрежи и се заблагодари за поддршката што ја добила во тешкиот период.

– Ви благодариме за позитивната енергија, поддршката и молитвите. Ја почувствував вашата љубов. Јас сум на пат кон закрепнување и благодарна сум за сите благослови во мојот живот – ја започна долгата објава пејачката.

– Кога се разбудив во болница, првата мисла ми беа децата. Второто беше дека не сакав да ве разочарам сите што купивте билети за турнејата. Исто така, не сакам да ги разочарам сите кои неуморно работеа со мене во изминатите неколку месеци – напиша Мадона

– Наскоро ќе се вратам, ве уверувам – додаде 64-годишната пејачка и напиша дека планира да ги одложи датумите на турнејата во Северна Америка и Европа.

– Не можам да бидам поблагодарна за вашата грижа и поддршка, заклучи Мадона.

Менаџерот на Мадона изјави дека и е многу лошо, но дека се очекува целосно да закрепне.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------