Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive По 15 години, манекенката Криси Тајген ги извади силиконските гради

По 15 години, манекенката Криси Тајген ги извади силиконските гради

реклама:Велигден со Стаф

Манекенката Криси Тајген сопруга на Џон Леџенд сподели со своите фанови на социјалните мрежи дека конечно се ослободила од своите силикони во градите кои ги ставила кога имала 20 години.

Таа го реализира својот план, па стапи во контакт со сите оние што ја следеа и кои можеби беа загрижени да им каже дека операцијата поминала добро и дека сега само треба да се одмори за да може да заздрави што е можно побргу.

Тајген и порано сакала да го отстрани силиконот од градите, но во тоа ја спречил коронавирусот, кој одеднаш почнал да се шири во целиот свет токму тогаш кога ја закажала операцијата.

Во карантин таа не се премислила, туку стрпливо чекала да ги отворат поликлиниките и експертите да го поправат она што долго време ја мачи. Таа одлучила да се оперира затоа што силиконите само ѝ пречеле и не можела да функционира нормално, а и родила две деца – ќерката Луна (4) и синот Милес (2), па затоа сметала дека е време за освежување.

„Тие беа одлични многу години и си ја завршија својата работа, но сфатив дека е време да ги отстранам. Одвај чекам, конечно, да го облечам фустанот со мојот конфекциски број, да спијам свртена на стомакот со целосна удобност. Нема повеќе големи гради! Но, не грижи се, сè ќе биде добро. Јас сепак ќе имам цицки, но тоа ќе биде вистински масен слој, што градите всушност и се на крајот“, истакна таа.

Операцијата поминала добро, па Криси се јавила од клиниката. Кога се вратила дома, имало и мала забава. Таа се шегуваше на своја сметка и ја сними тортата што ја чекала за добредојде.

„Почивајте во мир, гради“, пишувало на тортата, која беше направена во форма на женски облини. Нејзината ќерка Луна исто така се пошегува со неа пишувајќи на парче хартија „Забавувај се симнувајќи ги градите“.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------