Home INFO По емитувањето на последната епизода од “Игра на тронови”, Џон Сноу заврши...

По емитувањето на последната епизода од “Игра на тронови”, Џон Сноу заврши на рехабилитација

реклама:G Natural

Популарниот актер Кит Харингтон, кој ја играше улогата на Џон Сноу во мега популарната серија “Игра на тронови”, завршил на рехабилитација, пишуваат странските медиуми.

По емитувањето на последната епизода од серијалор, Харингтон завршил на рехабилитација, а ова го потврдила и неговата ПР служба.

„Кит одлучи да ја искористи паузата во неговиот работен распоред како прилика некое време да се повлече и да поработи на решавањето на некои лични проблеми“, стои во официјалното соопштение.

Благодарение на „Играта на престолите“, Харингтон стана светки познат.

Дејли мејл објави дека глумецот тешко го погодило завршувањето на серијалот и дека е на рехабилитација поради стрес, исцрпеност и проблеми со алкохолот.

Престојот во центарот за рехабилитација во кој Кит сега се наоѓа, чини повеќе од 120.000 долари месечно. Овде пациентите учат како да се справуваат со стресот и со негативните емоции, пишува Дејли мејл.

Неофицијално во неговата програма е и помошта во одвикнување од алкохолот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------