Home INFO По грешка добил 330 плати на својата сметка, сакал да ги врати...

По грешка добил 330 плати на својата сметка, сакал да ги врати па се попишманил

реклама:Велигден со Стаф

На вработен во една од најголемите компании за преработка на месо во Чиле, случајно му е исплатена милионска сума наместо вообичаената плата, која изнесува 500 долари.

Откако на сметката наместо вообичаените 500 имал 165.398.851 долари, работникот преку адвокат го раскинал договорот за работа и исчезнал.

Грешката во компанијата „Consorcio Industrial de Alimentos“ ја забележал секторот за човечки ресурси на 30.05.2022 година и го известил работникот дека е платен повеќекратно од платата и побарал од него да оди во банка и да го врати парите.

Работникот ветил дека ќе го стори тоа веднаш следното утро, но откако тој ден излегол од работа, повторно не одговорил.

На 2 јуни неговиот адвокат ја известил компанијата дека го раскинува договорот за вработување.

Компанијата поднесе тужба против работникот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------