По една недела гласање на веб страната на МТВ со вчерашното телевизиско издание на специјалната емисија посветена за кандидатите и Евровизија гласот од жирито пресуди Андреа да ја претставува Македонија.
Откако гласаа неколку члена од интернационално жири составено од шефови на делегации на неколку земји и на тие гласови им ги додадоа гласовите од интернет гласањето збирот покажа дека Андреа и Виктор Апостоловски имаат ист број на гласови.
Но сепак по евровизиска практика како што соопштија водителките сепак гласовите на жирито имаа „поголема тежина“ па одлучија Андреа да биде нашата годинешна претставничка.
Во продолжение слушнете ја песната ,„Circles“ која годинава ќе не претставува во Италија…