Home INFO По многу години, племето Чироки бара од „Џип“ да го смени името...

По многу години, племето Чироки бара од „Џип“ да го смени името на нивното возило

реклама:Велигден со Стаф

Чак Хоскин, поглавицата на американското индијанско племе Чироки, побара од американската компанија „Џип“ да го смени името на нивниот модел Чироки, кој се произведува скоро 50 години.

Тој изјавил дека веќе нема да толерира компанијата да го користи името на неговото племе.

„Мислам дека дојде време во оваа земја компаниите и спортските тимови да ги повлечат имињата, фотографиите и маскотите на Индијанците од своите производи, маици и тимови. Сигурен сум дека никој нема лоша намера во сето ова, сепак, не чувствуваме чест автомобилот да го носи името на нашето племе затоа што трае подолго отколку што е основана компанијата Џип“, кажал Хоскин.

Не очекувал дека компанијата веднаш да го смени името, но нагласил дека племето не одобрува употреба на името Чироки за таа намена.

“Џип”, пак, објави дека имињата на нивните автомобили се внимателно избрани и дека тие одлучиле да именуваат еден модел Чироки со цел да им оддадат почит на Индијанците заради нивната благородност, храброст и гордост.

“Џип” го претстави моделот Чироки во 1974 година, по што следеа неколку модели.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------