Home INFO По скандалот во Ѕвездите на Гранд, конечно се огласи Снежана Ѓуришиќ!

По скандалот во Ѕвездите на Гранд, конечно се огласи Снежана Ѓуришиќ!

реклама:Велигден со Стаф

Една од најпознатите фолк пејачки во регионот, Снежана Ѓуришиќ беше дел од скандалот во музичкото шоу Ѕвездите на Гранд.

Имено, мајка на еден од кандидатите во шоуто ја обвини Ѓуришиќ дека и барала пари за нејзиниот син Душан Виденовиќ да го пројде следниот круг во натпреварот.

Легендарната пејачка, во интервју за српската Курир Тв, одлучи да проговори за обвинувањата.

– Душан Виденовиќ е кандидат кои ги задоволуваше предиспозициите да влезе во Ѕвездите на Гранд. Следните предиспозиции му дадоа можност да одбере ментор. Со оглед дека изведува народни песни, ја избра Цеца, но таа го одби па ме обра мене. Тој е мошне талентиран, пројде два натпреварувачки круга, но кога дојде третиот, не беше подготвен. И тогаш му реков, ќе добиеш матрици од песните кои ти ги одбрав, и те молам подготви се, утре се натпреваруваш. Следниот ден на пробата дојде неподготвен го прашав која е причината. Одговори дека не е до него, туку до матрицата, со други зборови, се обиде да саботира. Кога излегував од собата, пројдов покрај неговата придружба. Две жени од кои едната беше неговата мајка. Јас и се обратив и ја замолив да влијае на него, а таа ми одговори дека слободно можам и да му подвикнам. До мајката стоеше неговата снаа која ми рече дека Душан е навикнат се да прави по негово. Отидов да се подготвам за снимањето. Душан доби доволен број на гласови за бараж. За проаѓањето на кандатите во бараж олучува единствено Саша Поповиќ, – раскажува Снежана за ТВ Курир.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------