Home INFO По смртта на сопругот, уште една трагедија за Ана Бекута

По смртта на сопругот, уште една трагедија за Ана Бекута

реклама:Велигден со Стаф

Српската пејачка Ана Бекута, преку објава на социјалните мрежи откри дека починала нејзината мајка Милица.

Според објавата на Ана, мајка и починала пред четириесет дена.

– Поминаа 40 дена откако мојата добра мајка Милица отиде во Царството Небесно, а јас засекогаш престанав да бидам нечие дете. Кога умира мајка, умира цел свет, последната грижа зошто доцниш од пат и секое тивко претчувство дека нешто не е во ред затоа што мислела дека твојот глас на телефон е поинаков – напиша Ана.

Со секоја мајка умира една уметност на готвење, еден начин на трпеза, една историја, едно семејство и еден начин на љубов и една универзална, а сепак единствена грижа за дете кое одамна е нечија мајка. Почивај во вечноста на твојата љубов, драга моја мајко!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------