Home ШОУ БИЗз Трач „ПОЛИТИЧКИ МОТИВИРАНО“ Порно глумицата на Трамп, уапсена во стриптиз клуб

„ПОЛИТИЧКИ МОТИВИРАНО“ Порно глумицата на Трамп, уапсена во стриптиз клуб

реклама:Велигден со Стаф

Порно актерката Сторми Даниелс, која пред неколку месеци беше актуелна поради наводната афера со американскиот претседател Доналд Трамп, е ослободена со кауција од 6.000 долари, откако беше уапсена за време на настап во стриптиз клуб во Колумбус, Охајо.

Како причина за апсењето е наведено дека „му дозволила на гостин од публиката да ја допре на сцената“.

Нејзиниот адвокат Мајкл Авенати истакна дека таа ќе се изјасни за невина по сите точки од обвинението, бидејќи допирите биле на „несексуален начин“.

Даниелс е во судски спор со претседателот Трамп, откако изјави дека имала врска со него во 2006 година и дека пред претседателските избори добила 130.000 долари како дел од спогодбата да молчи за случајот.

Трамп ги негираше тврдењата на порно актерката, но нејзиниот адвокат изјави дека ова апсење е „наместено и политички мотивирано“.

Според законската регулатива на Охајо, забрането е да се допираат танчерките во стриптиз баровите.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------