Откако по тринеделна борба со корона вирусот успеа да се излечи, фолк пејачката Славица Ќуктараш повторно заврши во болница.
Имено таа објавила фотографија на својот Инстаграм како лежи во болнички кревет и напишала дека повторно има проблем со своето здравје. Со покачена температура и болки во грлото била веднаш хоспитализирана а по прегледот лекарите утврдиле дека се работи за гнојна ангина.