Home INFO Пожарникарите ги игнорирале куќите кои горат за да го спасат имотот на...

Пожарникарите ги игнорирале куќите кои горат за да го спасат имотот на Расел Кроу (фото)

реклама:

Холивудскиот актер Расел Кроу на социјалните медиуми објави дека пожар го уништил неговиот имот во Австралија.

Актерот објави видео и фотографии од уништената област, а во еден момент над неговиот имот се појавил хеликоптер со вода, кој ги гаснел дрвјата во пламен. Во претходната објава Кроу потврди дека не е во Австралија и дека неговото семејство е безбедно.

“Изгубивме две згради, но можеме да бидеме среќни“, напиша кусо актерот и им се заблагодари на сите на теренот гаснејќи ги пожарите.

По оваа објава, луѓето преку социјалните медиуми се пожалија дека пожарникарите ги игнорирале домовите што гореле во околината за да заштитат 400 хектари од имотот на актерот.

„Јас сум лут затоа што куќите на нашите пријатели горат, а сите противпожарни возила и хеликоптерите го гасат пожарот на имотот на Расел Кроу. Што ќе се случи со домовите на обичните луѓе?“, напиша еден човек на „Твитер“.

На овие обвинувања одговори внуката на актерот, Челси Кроу, која живее на имотот на Расел.

Според нејзиното објаснување, несебичниот ангажман на пожарниакрите бил пред се со цел да се заштитат шумите кои се наоѓале околу имотот на Расел.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------