Home INFO Неотел со нова промоција по повод отварањето на новиот салон

Неотел со нова промоција по повод отварањето на новиот салон

SHARE

Телекомуникацискиот оператор НЕОТЕЛ денес, 15-ти ноември, по повод 15 години од своето постоење, го отвора својот продажен салон во општината Аеродром, веднаш до новата железничка станица во Скопје.

По повод отварањето на салонот, НЕОТЕЛ подготви специјална промоција за сите потенцијални корисници кои ќе го посетат новиот салон. Имено, за склучен нов договор на 2 години, за некои од пакетите само за интернет услуга или интернет и телевизија за домашни корисници, првите 3 месеци ќе ги добијат без месечна претплата. Промоцијата е достапна само во новоотворениот салон и ќе трае до идниот четврток (21.11.2019 година).

Со отварањето на продажниот салон, корисниците ќе можат во убава и пријатна атмосфера да ги видат и искусат услугите на операторот. Според одговорните во компанијата, ова е само почеток на еден нов пристап во односот со корисниците. Намерата на НЕОТЕЛ е да продолжат со отварање на продажни салони и на други локации, со крајна цел доближување до потрошувачите.

Tелекомуникацискиот оператор е присутен на пазарот веќе 15 години и користи најмодерна технологија за своите услуги, како за домашни, така и за правните лица. На корисниците им нуди висококвалитетен оптички интернет на сопствена мрежа како и безжичен интернет преку ЛТЕ мрежа. Оптичката мрежа е веќе широко распоространета и постојано ја проширува како во Скопје така и во останатите градови. Повеќе од 2 години на корисниците им нуди софистицирана интерактивна телевизија достапна како на телевизиски уреди, така и на мобилни уреди и таблети

РЕКЛАМИ:
Loading...