Home INFO Познатата сцена од филмот „Сам дома“ крие интересна тајна (ВИДЕО)

Познатата сцена од филмот „Сам дома“ крие интересна тајна (ВИДЕО)

реклама:

Сигурни сме дека секој барем еднаш го погледнал овој популарен филм.

„Сам дома“ е комедија која со задоволство ја гледаме одново и одново.

Па сигурно се сеќавате на сцената кога малиот Кевин Мекалистер, откако ќе остане сам дома, ја користи приликата да претура по работите на неговиот брат Баз. Во еден момент наоѓа врамена фотографија од неговата девојка, прави гримаса и вели: „Баз, твојата девојка! Фуј!“.

Продуцентите на филмот решиле да избегнат фотографија од девојче за сцената, за да не биде погрешно сфатено.

„Одлучија дека ќе биде непријатно за некое девојче да изгледа смешно и да се коментира на филмот. Сценографот имаше син кој сакаше да волонтира, па го облекоа како девојче. Да знаеше дека тоа ќе биде една од најпрофирабилните комедии на сите времиња, можеби ќе се предомислеше“, вели Девин Ритеј, кој ја играше улогата на Ваз.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------