Дарен, синчето на пејачката Тамара Тодевска и кошаркарот Александар Димитровски Мачка наполни една година.
По тој повод, Тамара и Мачка направија голема роденденска забава во игротека, а атмосферата ја пренесоа преку фотографии на социјалните мрежи.
Семејството и бројни пријатели присуствуваа на роденденот, а сестричката Хана специјално за овој ден на себе имаше детска шминка која според видеото кое го објави мама Тамара, особено и се допаднала.