Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Пријателите пробуваат да ја „спасат“ Бјанка од Канје: „Ѝ го испра мозокот,...

Пријателите пробуваат да ја „спасат“ Бјанка од Канје: „Ѝ го испра мозокот, не зборува со никој, се шета гола“

реклама:G Natural

Пријателите на 28-годишната девојка изразуваат сериозна загриженост за неа. Тие сметаат дека Канје ѝ го испрал мозокот и дека ја тера да се изолира, но таа била убедена дека пријателите само ѝ љубоморат за славата. На една фотографија главата на Бјанка беше меѓу нозете на Канје додека тој е со спуштени панталони, па наводно се истражува и што всушност правеле тогаш.

Јавноста не престанува да ги критикува Канје Вест и сопругата Бјанка за нивното однесување во Италија, а наводно и раперот прекршувал некои италијански закони со неговите аутфити.

Италијанците веќе го искажаа нивниот револт за разголените комбинации на Бјанка и многумина побараа да биде казнета бидејќи го прекршува законот за голотија во јавност.

На Канје, пак, на скоро секое појавување во јавност му се покриени лицето и главата.

Според Daily Mail, со ова Канје прекршувал италијански антитерористички закони.

Односно, Канје (или кој било) не смее да носи нешто што му го покрива лицето и што го спречува неговото идентификување.

Казната за криење на лицето во јавност достигнувала и 2.000 евра.

Daily Mail пренесува дека раперот веќе е под истрага за инцидентот во Венеција, каде што си ги спушти панталоните додека со Бјанка се возеа во брод.

На дел од фотките, главата на Бјанка е меѓу нозете на Канје додека тој е со спуштени панталони, па наводно се истражувало и што всушност правеле тогаш.

Во меѓувреме, пријателите на Бјанка покажуваат загриженост и очајно пробувале да стапат во контакт со неа.

Извор на Daily Mail открива дека окако е со Канје, Бјанка самата почнала да ги оттурнува од неа.

„Неколку нејзини пријатели конечно успеаја да стапат во контакт со неа, но таа не беше заинтересирана за разговор, ниту за загриженоста на пријателите. Се оддалечи од сите и им рече на поранешните пријатели да ја остават на мир.

Бјанка знае како да привлекува внимание и сака што е муза на Канје бидејќи го добива она што отсекогаш го сакала – слава. Нејзините пријатели престанаа да се обидуваат бидејќи Бјанка е загубен случај“.

Наводно, Бјанка била убедена дека пријателите само ѝ љубоморат на популарноста.

Истиот извор вели и дека Канје и Бјанка внимателно планираат како да привлечат внимание:

„Секој ден, таа и Канје размислуваат како Бјанка да биде поразголена од претходниот ден.

Канје ѝ го испра мозокот, исто како на оние кои се дел од неговата црква, оние кои работеа во неговата фирма, а и исто и како на Ким Кардашијан“.

Загриженост за Бјанка покажа и американската комичарка Кети Грифин.

„Ја гледам оваа жена која нема глас, ја немам слушнато да каже ништо.

Слушнав дека магистрирала архитектура на универзитет во Австралија, прекрасна е, но изгледа дека нема глас бидејќи Канје не ѝ дозволува да зборува со јавноста“, изјави комичарката.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------