Home INFO Причини кои ќе ве натераат ова лето да ја замените плажата со...

Причини кои ќе ве натераат ова лето да ја замените плажата со планина

реклама:

Секое патување треба да има позитивен ефект врз вашето здравје, да ве освежи, исполни и одмори, па затоа треба правилно да се одбере местото и годишното време.

Со одмор на некоја прекрасна планина со неверојатна шума и природа, дефинитивно ќе ги наполните батериите за цела година.

Не само што ќе уживате во сонцето, туку и ќе се освежите на чист воздух без да се „печете“ на топлото сонце.

Со информации и фотографии, ви ја доловуваме летната атмосфера во Хотелот  PREMIER Luxury Mountain Resort во Банско, во Банско, Р.Бугарија.

Банско е место со прекрасна клима, неверојатно убава природа, пристапни области од диви шуми и погледи кои го одземаат здивот.

Замислете, прекрасно летно утро, го отварате вашиот прозорец во Премиер и дишете планински свеж воздух…

Националниот парк Пирин претставува над 40 000 хектари со векови стари шуми. Дел од паркот е заштитено подрачје, доделено од УНЕСКО како област од особено значење за биодиверзитетот во Европа.

Овој огромен национален парк носи летна свежина на секој што ќе одлучи да го помине времето во близина. Пиринскиот воздух е заситен со кислород, свеж и ладен. Далеку од индустриските области или сообраќајниците со густ сообраќај.

Неверојатната комбинација помеѓу дивата природа и културниот живот е типична за летото во Банско. Многубројните музички настани го прават ова планинско градче уште повеќе популарно и посетувано и во лето.

Џез фестивалот е најпопуларниот летен настан, кој се одржува секоја година во август. Доколку не сте доживеале квалитетен џез-концерт во тивка летна вечер на планина,време е за вакви незаборавни моменти.

За време на Џез фестивалот, Хотелот Премиер организира опуштени попладневни џез доживувања покрај базен.

 

Дали знаевте дека планината Пирин има 170 езера со вкупна површина од 18.000 декари? Некои од најубавите езера се достапни и може да се видат со само еден час пешачење.

Што може да биде поубаво летно искуство од одење во зелени шуми и скокање по потоци? Околу Банско има три големи реки – Глазен, Демјаница и Бандеришка. Три големи богатства! И целата планина и шума е пресечена од помали реки и потоци, кои се влеваат во една од трите. Водата тече низ централниот дел на градот, во посебни олуци до улиците, пријатно го лади воздухот и внесува уникатна атмосфера.

Доколку одлучите да направите пикник, проверете ги можностите во Премиер ресорт – располагаат со посебна, елегантна корпа за пикник што можат да ја користат гостите. Удобно и многу романтично!

На сите им е важно да живеат активен живот. Но, честопати во градовите немаме доволно време за спортување на отворено или можеби не е толку пријатно искуство со топол и загаден воздух.

Блиската околина на хотелот Премиер нуди одлични можности за планинарење, за прошетки низ свежата борова шума, за планинско трчање и планински велосипедизам.

Можете да се придружите на групите за планински велосипедизам или сами да ја истражите областа. Премиер нуди и фитнес и личен тренер за оние кои сакаат да останат во форма и за време на одморот и претпочитаат да спортуваат во затворено.

На само 5 км од Премиер се наоѓа малото село Бања. 75-те извори со лековита минерална вода се причина Бања да се нарече минерален рај на Бугарија. Термалните базени со лековита вода се со температура на водата од 32 до 42 степени.

PREMIER Mountain Luxury Resort е хотел со 5 ѕвездички и горд член на ERMIA HOTELS & RESORTS. PREMIER Mountain Luxury Resort е лоциран во Банско, во подножјето на самата планина Пирин и е единствен член на Small Luxury Hotels of the World во Бугарија.

Наградуван за најдобар ски хотел во Бугарија.

Хотелот располага со 111 соби и елегантни апартмани,2 ресторанти,1 бар-ресторан, детско катче, занимална и луксузен спа-центар за здравје и релаксација, внатрешен и надворешен базен.

 

ОВДЕ можете да ги видите актуелните летни понуди на Премиер

Резервирајте го вашиот перфектен одмор веднаш!

Контакт телефон:  +359 749 50500

reservations@premiermountainresort.com

https://www.banskohotelpremier.com

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------