Иако уште од раѓањето добија огромно наследство, принцезата Шарлот и принцот Џорџ имаат големо економско влијание а секако не се свесни за тоа.
Па така гардеробата која овие дечиња ја носат и за која пишуваат светските медиуми, веднаш се продава со експресна брзина.
Медиумите пишуваат за таканечениот “Шарлот ефект”, кога родителите ќе видат фотографија од преслатката принцеза облечена во некое фустанче, веднаш посакуваат и нивното дете да е облечено во идентично издание.
По ова прашање Шарлот е многу повлијателна од својот брат Џорџ, кој поради традицијата почесто е облечен во класични панталони и маица.
“Кралските деца имаат огромно позитивно влијание на растот на продажбата на одредени артикли. Особено на облека и играчки со кои ги гледаме во јавност. По ова се многу слични на својата мајка Кејт Мидлтон. Што и да облече нивната мајка, претвора во злато”, објаснува познат економски експерт.