Home INFO Принцот Хари во очај, Меган конечно се врати во родниот крај

Принцот Хари во очај, Меган конечно се врати во родниот крај

реклама:

Фокусот на сите медиуми во периодов е на корона вирусот, кој затвори милиони луѓе во своите домови.
Вирусот не ја одмина ниту кралската палата, па од таму, британските медиуми добија потврда дека принцот Чарлс е позитивен на истиот.

Принцот Хари постојано бил во комуникација со својот брат, Вилијам но и со кралицата Елизабета, се со цел да добие информации за здравјето на својот татко.

Медиумите наведуваат дека Меган Маркл наводно му забранила на Хари да го посети татко си Чарлс.

„Меган му рече на Хари дека под никој услов не е во ред сега да патува било каде, а особено во посета на принцот Чарлс кој е позитивен на коронавирусот“, рекол извор за Daily Mail.

„Таа рече дека оваа криза всушност ги зближила, особено Хари и Вилијам, Хари јасно им даде до знаење дека ќе направи се што може како би им помогнал“, наведува изворот.

Во меѓувреме, војвотката и војводата од Сасекс со синчето одлучиле да ја напуштат Канада и да се преселат во САД, поточно во Лос Анџелес, пишуваат американските медиуми.

Изборот паднал на Лос Анџелес кој е всушност роден град на Меган. Парот се уште не купил сопствен имот, туку живеат во добро изолирана куќа поради коронавирусот.

Според американските медиуми, Меган Маркл отстекогаш сакала да се врати во родниот град, меѓу другото и поради можноста за развој на актерската кариера.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------