Home INFO Проблеми со новото продолжение на Бонд: Ѕвездата го напушти снимањето

Проблеми со новото продолжение на Бонд: Ѕвездата го напушти снимањето

реклама:G Natural

Познатата пејачка Грејс Џонс требаше да игра во новото продолжение на филмот за Џејмс Бонд со наслов „25″.
Но, според известувањата од странските медиуми, музичката ѕвезда дала отказ.

Наводно, на Џонс не и се допаднал фактот дека во ова ново продолжение треба да изговори само неколку реченици, па си заминала од снимањето, поради што продуцентите страшно и се налутиле.

„Грејс очекуваше дека ќе има поголема улога, а не дека ќе се појави во филмот само неколку минути“, изјавил извор близок до продуцентите за „Метро”.

Грејс Џонс веќе играше во еден филм за Бонд – „A View To A Kill“ од 1985 година, во кој агентот 007 го глуми легендарниот Роџер Мур.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------