Прв пат по скандалот со фудбалерот Огнен Врањеш, Карлеуша се појави на доделувањето на MAC музичките награди кои се одржуваа во Белград.
Поп дивата очигледно сеуште им е бесна на медиумите, бидејќи и овојпат не ги удостоила со нејзиното присуство и од посебен влез влегла во арената каде се одржува манифестацијата.
Пејачката доби награда од публиката за соработката со Аца Лукас.
“Многу сум горда и огромно задоволство и чест ми е што нашиот град и целиот Балкан имаат вакви доделувања на награди. Не подготвив говор. Едно големо благодарам на мојот прекрасен колега Аца за својата поддршка и љубов. Оваа награда и ја посветувам на мојата мајка” – кратко изјави Карлеуша.
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------