Home INFO Рада Манојловиќ се предозирала со таблети за смирување!

Рада Манојловиќ се предозирала со таблети за смирување!

реклама:Велигден со Стаф

Познатата пејачка од соседството, Рада Манојловиќ тешко ја поднела разделбата со девет години помладиот пејач Харис Брковиќ со кого беше во врска.
Како што пишува магазинот “Свет”, минатата недела по расправијата со бившиот дечко, на пејачката и се слошило и срцето почнало забрзано да и бие. Од страв да не и се случи нешто, Рада испила две таблети за смирување.
Состојбата не и се подобрила па таа испила уште таблети а потоа заспала.
Рада потонала во длабок сон и воопшто не ни слушнала кога нејзината сестра заѕвонила на вратата. Загрижена што не и отвора, сестрата Маја со резервни клучеви влегла во станот и кога ја видела нејзината состојба веднаш повикала брза помош.
Лекарите интервенирале и успеале да ја спасат.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------