Home INFO Ријана се избрука, зема 5 милиони за да пее на индиска свадба...

Ријана се избрука, зема 5 милиони за да пее на индиска свадба и ги утна младите (видео)

реклама:

Викендов се случи индиската венчавка за кој што цел свет зборува со оглед на тоа дека чинеше неверојатни 120 милиони долари.

Милијардерот Мукеш Амбани,го ожени својот син Анант Амбани па не жалеше на парите за церемонијата на која присуствуваа куп ВИП личности.

Меѓу гостите во Јамнагар, Индија беа Бил Гејтс, Хилари Клинтон, Иванка Трамп со сопругот Џаред Кашнер и 12-годишната ќерка Арабела, Марк Закерберг со сопругата Присила Чан и други.

На свадбената церемонија за 5 милиони свој настап час и половина имаше светката музичка ѕвезда Ријана кој професионално ги изведе нејзините најголеми хитови во прекрасен зелен фустан. И се ќе беше совршено да не и текнеше на Ријана да ги поздрави младите и тоа да биде најкоглемиот блам на пејачката.

Со оглед на тоа дека се работи за индиски имиња пејачката мораше неколку пати да се помачи додека да ги изговори правилно на што сите и замерија.

Веднаш се појави видео на социјалните мрежи кое стана вирално па можете да го погледнете и вие.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------