Home INFO Роби Вилијамс оди на липосукција и подмладување на лицето

Роби Вилијамс оди на липосукција и подмладување на лицето

реклама:Велигден со Стаф

Откако без никаква потреба беше на трансплантација на косата, Роби Вилијамс има нови планови за своето тело.

Познатиот музичар призна дека се плаши дека со годините ќе му избледи атрактивниот изглед.

Но, Роби не планира да се предаде без борба. Тој изјави дека наскоро ќе почне со пластични операции.

– Се ќе направам. Ќе одам на липосукција, подмладување на лицето, а можеби ќе ја корегирам и брадата, изјави за британски „Thе Sun“.

Желбата за промена доаѓа со кризата на средните години која Роби го фаќа веќе некое време, како што призна и самиот. Поради тоа, а првенствено поради ќерката Теодора Роуз, која му го промени начинот на живот.

– Не пушам веќе три кутии цигари дневно, одам да спијам порано. Се променив и физички и психички, рече пејачот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------