Home ШОУ БИЗз Ѕвезди И сопругот на Аврил Лавињ проговори за нејзината болест

И сопругот на Аврил Лавињ проговори за нејзината болест

реклама:Велигден со Стаф

Рокерот Чад Кругер, фронтменот на групата „Nickelback“ и сопруг на пејачката Аврил Лавињ конечно здивнал откако Аврил јавно проговори за лајмската болест која со месеци ја исцрпува.

Чад вели дека чуствува огромно олеснување затоа што конечно може да одговори на бројните прашања поврзани со неговата сопруга.

Исто така, тој е горд на неа поради храброста и поради одлуката да и се обрати на јавноста.

– Задоволен сум што Аврил јавно проговори за болеста, сега веќе ништо не морам да кријам. Сите ме прашувавте што се случува со Аврил, а јас секогаш одговарав дека се ќе биде во ред, открил Чад.

Чад Круегер

Исто така, тој рекол и дека Аврил пред извесно време го замолила во неговите интервјуа да не зборува за неа и нејзината болест.

Чад и Аврил

Само за потсетување, пејачката неодамна во разговор за списанието „People“ објаснила зошто се криела од јавноста и како се борела со лајмската болест.

Аврил Лавињ

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------