Home INFO Роденденски забави без деца: Тажното детство на потомците на Мајкл Џексон

Роденденски забави без деца: Тажното детство на потомците на Мајкл Џексон

реклама:Велигден со Стаф

Јавноста го памети Мајкл Џексон по неговите безвременски хитови, но и по неговиот контроверзен начин на живот.

Телохранителите Џевон Брд и Вил Витфилд, кои скоро три години, до неговата смрт во 2009 година, го чувале Мајкл Џексон, велат дека тој бил ексцентричен човек кој имал чудни навики и кој знаел, буквално, да ја купи цела продавница.

Исто така, тие велат дека бил одличен татко кој бил максимално посветен на своите деца.

– Ние работевме за Џексон, а не за „кралот на поп музиката“. Имвме можност да го запознаеме како татко. Беше тоа многу убава глетка, кога им помагаше околу домашните задачи  и додека се грижеше тие да јадат и да спијат. Меѓутоа, нивното детство беше тажно. Мајкл им приредуваше раскошни роденденски забави, но на нив присуствуваа само телохранителите и дадилките. Тие немаa другарчиња затоа што се школуваа дома, изјавил Витфилд кој додал дека легендарниот пејач имал свои „бубачки“.

– Беше многу ексцентричен. Знаеше да оди во продавница и да купи се. Кога престојуваа во хотел, знаеше да купи стотина книги. Во еден момент купи цела книжарница, објаснува Бил Витфилд, а неговиот колега додава дека Џексон максимално се трудел своите деца да ги заштити од сликите кои медиумите ги создале за него.

– Во неговата куќа немаше интернет, а децата не смееа да гледаат вообичаена телевизиска програма и никогаш не видоа како Мајкл беше преставен во јавноста, додал Џевон Брд.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------