Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Марк Ентони на својата свадба ги истури емициите но гостинката Селма Хаек...

Марк Ентони на својата свадба ги истури емициите но гостинката Селма Хаек градите (фото)

реклама:Велигден со Стаф

Латино пејачот Марк Ентони познат и како еден од бившите сопрузи на Џенифер Лопез повторно реши да си ја проба брачната среќа со 31 помладата поранешна мисица Надија Фереира.

Двојката ги разменила брачните завети во Музејот на уметност Перез во Мајами, а на венчавката присуствувале бројни ѕвезди како Дејвид Бекам, Малума и Салма Хајек, која со својата креација ја засени самата невеста.

Имено, за свечената пригода, познатата актерка избра луксузен фустан со длабоко деколте од кој за малку ќе и испаднеа бујните гради, а со тоа се пофали и самата на својот Инстаграм профил.

„Момент пред да се качам во автомобилот да одам да ја прославам љубовта на моите пријатели Марк Ентони и Надија Фереира. Да живее љубовта!! И да живее салсата“, напиша Салма покрај нејзината фотографија.

„Боже, помилуј“, „Таа е совршен пример за природна убавина“, „Многу си жешка“, „Секогаш убава и секси“, „Каква убавина“, „Ти си сѐ“, „Леле најубав фустан“, „Најдоброто на сите времиња“, „Импресивно“, „Кралица на убавината“, „Каква жена“, се само дел од комплиментите кои се наредени во коментарите.

Салма со децении е позната како една од најубавите жени на светот, но многумина изненади со својот изглед на една од најновите фотографии кои ги објави на Инстаграм. Таа позираше во тоалета, целосно нашминкана и со врзана коса во високо опавче, а на фотографијата е речиси непрепознатлива и изгледа години помладо, па реакциите на нејзините обожаватели беа поделени.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------