Home INFO РОНАЛДО ОФИЦИЈАЛНО СУСПЕНДИРАН Португалецот мора да плати за недоличното однесување кон навивачите

РОНАЛДО ОФИЦИЈАЛНО СУСПЕНДИРАН Португалецот мора да плати за недоличното однесување кон навивачите

реклама:

Дисциплинскиот и етичкиот комитет на фудбалската федерација на Саудиска Арабија (САФФ) го суспендира играчот на Ал Наср, Кристијано Роналдо на еден натпревар поради непримерен гест упатен кон навивачите на Ал Шабаб, пренесува АП.
Роналдо е казнет и со 20.000 саудиски ријали (5.333 долари).

Ал Наср пред 4 дена на гостински терен го победи Ал Шабаб со 3:2 во 21. коло од Професионалната лига на Саудиска Арабија. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Роналдо непримерно гестикулира кон домашните навивачи, додека од трибините се слушаа извици „Меси, Меси“.


АП наведува дека португалскиот фудбалер нема право на жалба, а поради суспензијата ќе мора да го пропушти вечерашниот натпревар против Ал Хазим.

„Ги почитувам сите клубови. Мојот потег не е срамен, навикнати сме во Европа“ – наводно напишал Роналдо во официјалното соопштение испратено до Дисциплинската и етичкиот комитет на SAFF.
Роналдо е најдобар стрелец во Професионалната лига на Саудиска Арабија со 22 гола.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------