Home INFO Невеста од Англија платила 16.000 долари за тортата: Потребни биле речиси три...

Невеста од Англија платила 16.000 долари за тортата: Потребни биле речиси три месеци за да се изработи

реклама:

Медлин Бартон, која се омажи за долгогодишното момче Патрик во гламурозната сала на хотелот Савој недалеку од Лондон. Само за изнајмување на салата потрошиле околу 50.000 фунти (околу 63.000 долари). Сепак, она што најмногу го привлече вниманието на луѓето е тортата, пишува „Дејли мејл“.

Тортата во облик на огромен замок ја дизајнирал уметникот Сем Вудраф, а за да ја направи оваа спектакуларна торта ѝ биле потребни околу три месеци.

За да го направи она што се очекува од неа – огромна торта налик на замок, Сем користела шест кружни колачи од 20 сантиметри кои биле во основата на структурата, а остатокот од дизајнот го направила од полистирен. Сините куполи на тортата биле направени со помош на 3Д печатач, а потоа наредени на врвот на структурата. И секој прозорец бил опремен со ЛЕД светла за да блеска тортата.

Медлин рекла дека останала „без зборови“ кога нејзината торта била откриена на нејзиниот голем ден. Воодушевена од тортата, венчаницата и целата свадба, таа изјавила дека нејзината свадба била совршена.

„Целиот ден ми помина совршено. Беше голема свадба со над 200 гости. А тортата беше апсолутно прекрасна. Плативме 13.000 фунти (околу 16.000 долари) за неа, но вредеше. Врвот со сите детали беше нешто неверојатно“, рекла невестата која признала дека заедно со уметничката ја дизајнирала тортата од соништата, со што се занимава од својата 13-та година.

“Плачев кога го видов готовиот производ. Бев навистина емотивна бидејќи целиот процес на градење траеше толку долго. Никогаш порано не сум ја видела целосно изградена бидејќи тортата беше толку висока и не можев да ја завршам во куќата, па беше неверојатно да се види целосно осветлена со сите детали. Медлин е стара романтичарка и сака сѐ што е ренесансно и носталгично и сака богати бои“, изјави дизајнерката на торти Сем Вудраф.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------