АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!

Викторија Кјер Талви (21) од Данска е прогласена за Мис Универзум 2024, триумфирајќи на натпреварот што се одржа во Мексико. Со ова, таа стана првата Данка која ја освои оваа престижна титула, победувајќи во конкуренција од 120 учеснички од целиот свет.

Викторија е првата русокоса победничка на Мис Универзум по 20 години, по Австралијката Џенифер Хокинс во 2004 година.

Талви не е само убавица, туку и професионална танчарка со меѓународни натпревари зад себе. Таа сонувала за титулата уште од својата 5-та година, а на 17 години за првпат се натпреварувала за Мис Данска, освојувајќи ја титулата втора придружничка.

Официјално беше крунисана за Мис Данска во септември 2024, што ѝ овозможи учество на светскиот избор. Покрај моделството, Викторија има интерес за бизнис, маркетинг и продажба на дијаманти, и сонува да студира на Харвард.

Таа е активна во кампањи за ментално здравје, инспирирана од предизвиците во своето семејство. Исто така, е гласна поддржувачка на правата на животните.

Македонија на овој избор ја претставуваше Теа Ѓоргиевска од Куманово, која истакна дека учеството на Мис Универзум било незаборавно искуство за неа.

Викторија, со својата елеганција, талент и активизам, ја освои светската публика, покажувајќи дека убавината е повеќе од надворешниот изглед.

РЕКЛАМИ: