Home INFO Се лажете ако мислите дека не сте фотогенични: Еве како да направите...

Се лажете ако мислите дека не сте фотогенични: Еве како да направите совршено селфи

SHARE

Ви се чини дека на секоја фотографија излегувате лошо, посебно кога се работи за „селфи“.

Сепак, постои начин да бидете фотогенични.

– Ако стоите, префрлете ја тежината на една нога. Ако телото ви е наведнато на страна, ќе изгледате поприродно. Доколку седите, благо накривете се.

– Наведнете се кон фотоапаратот. Ако вратот ви е премногу долг или имате подбрадок, спуштете ја малку брадата кон градите.

– Немојте да се смеете со широка насмевка, затоа што очите ќе ви станат само две црти. Најдобро е само да се смешкате.

– Никогаш не гледајте право во апаратот, само малку над него.

– Што се однесува до облеката, имајте на ум дека хоризонталните лини „здебелуваат“. Освен тоа, избегнувајте црно и бело, затоа што на фотографиите делуваат безлично.

– Прчењето на усните на „селфи“ е потполно во „аут“. Наместо тоа, со шминка нагласете ги образите и спуштете ја малку главата доле за очите да делуваат посензуално, а лицето послабо.

РЕКЛАМИ: ---