Home INFO Се офајди за цел живот: Ова момче секој месец ќе добива по...

Се офајди за цел живот: Ова момче секој месец ќе добива по 10 000 фунти

реклама:Велигден со Стаф

Дин Вејмс е дваесет и четири годишно момче од Велика Британија, вработено во „Амазон“.

Тој е првиот добитник на „доживотна“ лото-награда на Националната лотарија на Велика Британија, откако почна „доживотното“ лото во јануари годинава.

Во следните 30 години Дин месечно ќе добива по 10.000 фунти (10.854 евра).

Веќе ја составил и листата на желби, на која се и посета на Дизниленд, лет со балон, пишуваат британски медиуми.

„Тоа е неверојатно, првпат играм, а веќе материјално се обезбедив до крајот на животот. Тие 10.000 фунти месечно ќе ми овозможат во животот да го работам она што го сакам“, признал Дин.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------