Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Се огласи Јелена Карлеуша по повод протестите во Белград, па го избриша...

Се огласи Јелена Карлеуша по повод протестите во Белград, па го избриша постот

реклама:Велигден со Стаф

Како една од највлијателните јавни личности во Србија, барем според следбениците на социјалните мрежи со свој коментар се јави пејачката Јелена Карлеуша и на својот Инстаграм напиша:

-Како јавна личност во Србија која ја следат најголем број на луѓе, а со самото тоа и највлијателна јавна личност чувствувам потреба да ја осудам полициската бруталност која се случи вчера во Белград. Да, јас сум ќерка на полицаец и кон полицијата чувствувам само љубов и почитување, но го осудувам ова. Да јас сум белграѓанка и го осудувам ова. Се случија протести на граѓаните. Граѓаните кои ги плаќаат сите полицајци и секој кој е избран во оваа земја да владее. Никој не смее да го тепа народот, никој не смее да фрла солзавец на народот. Тоа е голема грешка. Да хулиганите кои рушат и палат и кои влегуваат во собранието треба да се спречат (сепак се знае под чија палка се најголемите хулигани, никој тука не е луд) но народот кој протестира мирно никој не смее да го третира вака, вели Карлеуша.

Таа додава дека не ја интересира дали и другите јавни личности ќе реагираат.

-Тоа е нивно право. Воопшто не ме интересира дали ќе имам последици или не поради ова, тоа што јас го поминав минатата година го преживеав од страна на медиумите под палка на власта и малкумина би преживеале. Но јас преживеав. Никој не смее да оди против овој сиромашен народ. Народот е и полицијата која не смее да биде изложена на гнев поради нечии цели. Никој не смее да ги тепа синовите на оваа земја. Апсолутно никој. Жал ми е за сите повредени, апелирам на мир и сталоженост, вели пејачката во својот пост на Фејсбук.

Инаку кратко по објавениот пост Карлеуша го избриша од засега непознати причини.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------