Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Се огласи Харис Џиновиќ по шпекулациите дека се разведува

Се огласи Харис Џиновиќ по шпекулациите дека се разведува

реклама:

Изминатите десетина дена во српските медиуми постојано се шпекулира за наводниот развод на пејачот Харис Џиновиќ и неговата сопруга Мелина.

Таа е дваесетина години помлада од него а исто толку се и заедно во врска. Нивниот брак го официјализираа пред десет години а заедно имаат две деца.

Шпекулациите започнаа по информацијата за наводно неверство на Мелина со бизнисмен но и откако екипата на емисијата „Папарацо лов“ ја снимија дека таа извесно време живее во хотел.

Вчера за прв пат Харис кусо во изјава за емисијата „Премиера викенд“ додаде:

„Не сакам да зборувам за тоа. Нема смисла да ме прашувате за моите приватни работи. Многу луѓе ми се јавија, но нема да коментирам за тоа. Не разговарам со моите деца за оваа ситуација, а ниту со Мелина, прашајте ги нив. Ништо не знам и мене ништо не ме погодува“, изјавил Џиновиќ во емисијата.

Еве што Мелина изјави за нивниот брак пред една година..

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------