Home INFO Се огласи Милан Поповиќ: Мирјана повеќе го гледаше синот отколку Северина!

Се огласи Милан Поповиќ: Мирјана повеќе го гледаше синот отколку Северина!

реклама:Велигден со Стаф

По скандалот со физичката пресметка помежу Северина и нејзината сестра, Маријана, се огласи Милан Поповиќ, бивш партнер на пејачката и татко на нејзиниот син.х

„Агресивното однесување на Северина не ми е ново, бидејќи во последно време многу често се случува и почна да влијае и на однесувањето на детето. Тоа ја става на ризик благосостојбата на детето“, вели Милан за хрватските медиуми.

„Сметам дека институциите наместо да прикриваат како што правеа досега и да ја фаворизираат Северина, треба да ги земат и повторно да ги разгледаат сите извештаи и да ги анализираат сите ситуации каде што Северина била пријавена за запоставување на детето и за семејно насилство и за општо насилство, па од тоа да се извлече заклучок и објективен став“, изјавил Поповиќ за Индекс.

На прашањето дали ја познава Маријана, сестрата со која Северина физички се пресметала, тој одговара:

„Секако дека ја познавам. Маријана го чуваше нашиот син многу често“.

Милан истакнал дека токму Маријана повеќе време минувала со нивниот син отколку самата мајка.

„Отсекогаш сум бил во добри односи не само со Маријана туку и со целото семејство Вучковиќ“ – потврдил Милан и открил дека по инцидентот се слушнал со Маријана и бил згрозен но не и изненаден од она што се случило.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------