Home INFO Еве што навистина се случило: Соседите ја открија причината за тепачката помеѓу...

Еве што навистина се случило: Соседите ја открија причината за тепачката помеѓу Северина и нејзината сестра!

реклама:Велигден со Стаф

Откако хрватската пејачка Северина беше приведена од страна на загребската полиција, по пријава за насилство од нејзината сестра Маријана, во медиумите испливаа детали за скандалот.

Вистински хаос владеел во станот на мајката на Северина во Сплит, а соседите за медиумите открија детали за скандалот.

Во продолжение, сведоштво на еден од соседите во Сплит кој за српски Курир раскажал што навистина се случило!

– Успеав само да разберам дека се караат за имот. Маријана ја обвини Северина да и го даде тоа што е нејзино. Потоа едно такси стоеше пред зградата и од него излезе некоја русокоса. Влезе во станот и набрзо излезе со пејачката. Потоа влегоа во автомобилот на Северина и заминаа. Нејзината сестра започна да вика уште погласно и да ѕвони на сите врати!
– Врескаше дека ќе искрвари, а ми кажаа дека имала само некоја мала рана на раката. Тоа траеше 45 минути. Потоа легнала на под и викала дека и треба некаква пумпица. Неколку станари се собраа околу неа, а потоа дојде и госпоѓа Ана. И зборуваше на ќерката да не прави сцени и да не ја срамоти пред сите. Оваа само лежеше како мртво теле, се додека не дојде итната помош и не ја однесе“

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------