Home INFO Се огласи сопругата на Брус Вилис, ги замоли новинарите да го сторат...

Се огласи сопругата на Брус Вилис, ги замоли новинарите да го сторат ова!

фото: Инстаграм
реклама:G Natural

Ема Хеминг Вилис, сопугата на актерот Брус Вилис, преку видео на Инстаграм упати емотивна молба до новинарите, која се однесува на деменцијата, која неодамна ми е потврдена на Брус.

Ема ги повика папараците да држат дистанца и да не го довикуваат актерот кога ќе го видат во јавност.

Ја раскажа неодамнешната случка во која фотографите се обиделе да разговараат со болниот актер откако се појавил во јавноста за да се сретне со пријателите на кафе во Санта Моника. Ема забележала колку тешко и стресно може да биде да се излезе со некој болен од деменција меѓу луѓе, а притоа безбедно да се движите со него.

Таа истакна дека дека тоа е нивната работа, но ги замоли да го почитуваат својот простор.

-Ве молам, немојте да му викате на мојот сопруг прашувајќи го како е и што прави или што и да е. Едноставно не правете го тоа. Дајте му простор. Дозволете нашето семејство или кој било со него тој ден да може безбедно да го однесе од точка А до точка Б“, вели сопругата на актерот.

Ема и Брус се во брак од 2009 година и имаат две ќерки. Предходно, актерот беше во брак со Деми Мур, со која до денес се во одлични односи.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------