Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Се огласи Том Хенкс од карантин откако се зарази со коронавирусот (ФОТО)

Се огласи Том Хенкс од карантин откако се зарази со коронавирусот (ФОТО)

реклама:G Natural

Холивудскиот глумец Том Хенкс и неговата сопруга, глумицата Рита Вилсон, се заразени со новиот коронавирус Ковид-19. Откако синот на актерот, Чет Хенкс посвети објава за состојбата на неговиот татко, денеска и самиот оскаровец се огласи на својот инстаграм-профил со порака со која им се заблагодарува на луѓето за поддршката што им ја даваат.

„Рита и јас сакаме да им се заблагодариме на сите коишто се грижат за нас. Имаме Ковид-19 и во изолација сме за да не заразиме никого. Во наша близина има луѓе кај кои, доколку ги заразиме, тоа би можело да помине во сериозна болест“, напиша Хенкс и додаде:

„Одиме ден по ден. Постојат работи кои сите можеме да ги направиме за да ја пребродиме оваа ситуација, така што ќе ги следиме советите на експертите и ќе се грижиме едни за други. И запомнете, и покрај сите моментни случувања, нема плачење во бејзболот.“

Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон, која е позната американска пејачка и актерка, патуваа низ различни локации во Австралија и имаа објавено повеќе фотографии на неколку локации на нивните инстаграм-профили. Тие го посетија и Сиднеј, каде Рита имаше свој настап во реномираната Сиднејска опера изминатиот петок, а откако се дозна дека се заразени, институцијата веднаш беше дезинфицирана.

Во меѓувреме, во хотелот „Парк Хајат“ во Австралија каде што бил сместен парот, престојувала и познатата пејачка и идна мајка Кети Пери која беше фатена од папараците како „бега“ од местото.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------