Home INFO Се за Меган: Поради сопругата, принцот мора да ја прекрши и оваа...

Се за Меган: Поради сопругата, принцот мора да ја прекрши и оваа традиција

реклама:Велигден со Стаф

Епитетот омилена, кои медиумите најчесто го користеа во текстовите посветени на Меган Маркл, новинарите во периодов го заменија со “тешка”

Изминатиов период се чини дека војвотката од Сусекс навистина им создава главоболки на сите околу себе.

По бројните оставки на вработени во палатата, британските медиуми објавија дека Маркл му забранила на принцот Хари да учествува во традиционалниот лов на британскиот Boxing Day.

Иако принцот со години учествувал во традиционалниот лов по Божиќ, оваа година тој одлучил да го прескокне настанот, наводно за да и угоди на бремената сопруга која е против “крвавите спортови”.

Медиумите забележуваат дека Меган многу се разликува од останатите членови на кралскотот семејство.

Додека во ист ден Камила, сопругата на принцот Чарлс присуствувала на хуманитарен настан и се сликала со животни, Меган како права ѕвезда се појавила на доделување на модни награди и позирала со присутните.

Дел од фотографиите се појавија на друштвените мрежи, но кратко потоа се отстранети.

Имаше нешто неприајтелско во тоа како се држи за стомак, а носи црн лак кој кралицата го мрази и го забранува, изјавиле извори од кралската палата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------